Како да користите други екрани на допир (банкомат)

Екраните на допир се наоѓаат речиси секаде

Екраните на допир не се наоѓаат само на паметните телефони и таблети. Екрани на допир постојат секаде околу нас - во трговските центри, банките и аеродромите.

Кога ја посетувате локалната кафетерија, вашата нарачка може да се земе со помош на уред со екран на допир. Во некои ланци за брза храна можете да ја внесете вашата нарачка на екран на допир. Кога купувате намирници можете да платите на каса за самопослужување. Таму доминира екран на допир.

Екраните на допир што се наменети за јавна употреба вообичаено се големи, со голем и јасен текст. И тие вообичаено ви даваат мошне јасни упатства додека ги користите.

Банкомати (АТМ)

Банкоматите (ATM) сега се највообичаен начин луѓето да вршат банкарски услуги, да ги проверуваат банкарските салда или да плаќаат со чекови.

Постојат голем број модели на банкомати. Сите тие имаат големи екрани и голем број од нив имаат екрани на допир.

Оние што немаат, вообичаено имаат колона со копчиња лево и десно од екранот. До копчињата на екранот постојат етикети и вообичаено се разликуваат од еден до друг екран.

Еден вообичаен банкомат или АТМ

Сите банкомати, дури и оние со екрани на допир, имаат збир физички копчиња, вообичаено под екранот. Тие имаат копчиња со бројки и копчиња означени со Откажи (Cancel), Избриши (Clear), Enter или OK. Кога внесувате ПИН, секогаш го правите тоа на оваа механичка тастатура.

Не грижете се ако не знаете да користите банкомат. Тоа е мошне лесно. Најважно е да не брзате. Едноставно читајте ги упатствата на екранот.

Кај постарите банкомати често може да се најде физичка тастатура

Како да се најавите на банкомат

За да вршите дејства на банкарската сметка користејќи банкомат, без оглед дали има екран на допир или физичка тастатура, најпрво треба да се идентификувате така што ќе се најавите. За да го направите тоа ви треба пластичната картичка (вообичаено дебитна картичка) издадена од вашата банка и вашиот личен број за идентификација, исто така наречен ПИН (PIN).

Но, пред да се најавите, ајде да размислиме за две нешта - вашата безбедност (security) и можните провизии (possible cost) од користењето на банкомат.

Безбедност

Треба да користите банкомат само на места каде што тоа е безбедно. Добри места се трговските центри за време на вообичаеното работно време кога има многу луѓе. Уште едно добро место е фоајето на вашата банкарска подружница, ако има банкомат.

Банкоматот често препорачува да ја покриете раката (cover up your hand) кога го внесувате ПИН-от. Така, ќе спречите други луѓе да го гледаат ПИН-от што го внесувате. Постојат случаи каде мали камери биле поставени на или во близина на банкоматот за да ги снимаат ПИН-овите. Така, покривањето на тастатурата со рака кога го внесувате вашиот ПИН е добра идеја.

Важно е да ја покриете раката кога внесувате ПИН-от на банкомат за да спречите други луѓе да го забележат ПИН-от што го користите

Провизии

Банкоматите на сопствената банка се користат бесплатно. Кога подигате пари од банкомат на друга финансиска институција, или од банкомат што е сопственост на друг бизнис, тоа повлекува провизија. Често провизијата е околу 2,50 долари. Тие банкомати нема да ви дадат готовина ако не потврдите дека сте подготвени да платите провизија, за да не ви биде наплатено случајно.

Повеќето големи банки повеќе не наплаќаат такси, па ако вашата банка не е во близина, можете да пробате некоја од нив.

Пријавување чекор по чекор

  1. Побарајте го лежиштето каде треба да ја внесете картичката. Тоа често е осветлено за да ви биде полесно да го најдете. Под него обично има слика со банкарска картичка за да видите во кој правец треба да ја внесете.
  2. Внесете ја внимателно, но нежно. Голем број банкомати најпрво ќе повлечат дел од картичката. Ако го смените мислењето можете да притиснете на Откажи на тастатурата и картичката ќе се исфрли.
  3. По неколку моменти, додека банкоматот ја чита картичката, ќе ве покани да го внесете вашиот ПИН. Внесете го ПИН-от користејќи ги физичките копчиња на тастатурата и потоа притиснете на копчето Enter или OK. Не заборавајте да ја покриете раката.
  4. Откако банкоматот ќе го провери вашиот ПИН, ќе видите список со дејства што можете да ги вршите на банкоматот. Општо земено, тие вклучуваат подигање пари, проверка на салдо и пренос на пари помеѓу сметки. Понекогаш се достапни други опции, како на пример, да извршите уплата.
Вообичаен банкомат

Како да изберете опции

Ако банкоматот освен екран има и физички копчиња, ќе го изберете она што го сакате со тие копчиња, но сè поголем број банкомати имаат екран на допир. За да изберете некоја опција, треба да ја допрете.

Екраните на допир на банкоматите може да бидат помалку чувствителни од екраните на телефоните, и не се толку разновидни. Ќе можете да допрете на една опција, но нема да можете да го лизгате прстот или да минувате со прстот по екранот на допир на банкоматот. Бидејќи екраните на допир се помалку чувствителни, веројатно ќе треба да допирате малку посилно.

Често, екраните на банкоматите реагираат малку побавно. Кога допирате на некоја опција на екранот и не се случува ништо, причекајте една-две секунди пред да се обидете повторно.

Подигање на готовина чекор по чекор

Една од главните намени на банкоматите е подигање на готовина од вашата сметка. Тоа е лесно. Не заборавајте - не брзајте, читајте ги упатствата на екранот и допирајте ги копчињата малку посилно.

  1. Пријавете се на банкоматот како што е опишано погоре.
  2. Допрете го копчето Подигање (Withdrawal) (може да биде наречено и некако поинаку).
Вообичаени опции што можете да ги изберете кога сте се најавиле на банкомат
  1. Допрете го типот на Сметка (Account) од којашто сакате да подигнете пари. Сметките што се нудат на екранот зависат од вашата банка и начинот на кој вашите сметки се организирани. Често опциите ќе бидат Чек (Cheque) и Штедна сметка (Savings). Опцијата Трансакциска сметка не значи задолжително дека имате трансакциска сметка. Понекогаш вторите сметки се наречени така од историски причини.
  2. Ако не сте сигурни од која сметка сакате да подигнете пари, допрете го копчето Назад (Back) на екранот и потоа проверете ги салдата на различните сметки за да решите.
Опции за подигање пари од различни сметки
  1. Следниот чекор е да решите колку пари ќе подигнете. Општо земено, банкоматот ќе ви понуди избор од фиксни износи (20$, 50$, 100$ итн.), и уште една опција да го внесете износот што сакате да го подигнете користејќи ја физичката тастатура на банкоматот.
  2. Допрете на износот или на опцијата да внесете друг износ. Белешка: банкоматот вообичаено дава банкноти од 20$ и 50$, па треба да внесете само износ што можете да го добиете во тие банкноти. Банкоматот ќе ви каже ако сте внеле износ што не може да ви го даде.
  3. Допрете го копчето Enter или кое било копче што ви стои на располагање за да ја потврдите трансакцијата. Тогаш банкоматот ќе ве праша дали сакате да отпечати сметкопотврда. Некои банкомати го прават тоа во некоја од претходните фази на постапката.
  4. Накратко банкоматот ќе ви ја врати банкарската картичка, ќе ви ја исплати готовината и ќе ви издаде сметкопотврда, ако сте побарале. Не заборавајте да ја земете готовината и картичката.
Опции за избор на готовински износ што сакате да го подигнете од банкоматот

Секое друго дејство што го вршите на банкоматот е слично. Пријавете се со картичката и ПИН-от, изберете ја задачата што сакате да ја извршите, изберете ја сметката и ако е потребно, назначете го паричниот износ.

Бавно и стабилно

Без оглед дали земате пари од банка, купувате намирници, нарачувате храна или се шетате низ трговскиот центарот, често ќе користите екран на допир. Не брзајте и следете ги внимателно упатствата на екранот.

Голем број екрани на допир нудат помошни технологии за подобрување на пристапност, вклучувајќи повеќејазични менија, влезови за приклучување на слушни помагала, екрани со висок контраст и пристап за инвалидска количка. Можете да контактирате со вашата банка за да добиете повеќе информации за достапните банкомати во ваша близина.